На 28.09.2025 во 11:30 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.Д.(33) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 09:30 часот во семејниот дом упатувал закани кон неговото семејство и оштетил дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.