Педесетгодишен кичевчанец бил лишен од слобода откако полицијата утврдила дека управувал автомобил со 2,0 промили алкохол во крвта. Тој бил еден од учесниците во сообраќајна незгода.
На 27 август во 23:40 часот, на улицата „Тренко Тасески“ во Кичево, полициски службеници го лишиле од слобода С.П. (50) од Кичево.
При преземањето мерки по случената сообраќајна незгода, во која С.П. бил еден од учесниците, било констатирано дека управувал моторно возило „киа“ со кичевски регистарски ознаки под дејство на алкохол.
„Кај него биле констатирани 2,0 промили алкохол во крвта“, соопшти МВР.
По целосното документирање на настанот, против С.П. ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување моторно возило“.
