Канадски државјанин е лишен од слобода во Куманово откако полицијата кај него пронашла и одзела археолошки предмет, односно артефакт.

Ноќеска, половина час по полноќ, на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ј.А.С. (37) од Канада.

При преземените мерки, кај него бил пронајден и одземен археолошки предмет.

По целосното документирање на случајот, против 37-годишниот канадски државјанин ќе биде поднесена соодветна пријава.