– Полициски службеници на СВР Тетово вчеравечер (10 ноември) околу 23 часот и 5 минути во угостителски објект покрај автопатот Тетово-Скопје го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец А.К. кој бил вработен како обезбедувач, бидејќи ги попречувал во вршење на службените дејствија. А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Полицијата бележи уште едно приведување вчера околу 16 часот и 40 минути, во тетовска Брвеница на 30 годишник од друго село кои бил пријавен дека физички ја нападнал неговата 55-годишна мајка.