Полициски службеници вчера попладне го привеле К.Ц.(23) од с.Тимјаник, неготинско, откако при претрес во неговиот „мерцедес” била пронајдена и одземена акцизна стока. Во возилото тој пренесувал 17 туби со вкупно 320 литри алкохолен пијалак без никакви документи.
Лицето било задржано во полициска станица, за настанот била известена Царинската управа, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.