– На 05.09.2021 година на автопатот Куманово-Табановце, полициски службеници при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода А.А.(35) од с.Лојане, Општина Липково. При преглед во возилото „ауди а4“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени три лица мигранти од Куба – Т.М.М.А.(23), Т.Р.Ј.(23) и К.М.Л.(24), соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. По наредба на Јавен обвинител, мигрантите биле предадени во Транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.