Вчера во 09:45 часот во СВР Куманово било пријавено дека непознат сторител со употреба на подесен алат и сила влегол во црквата „Света Богородица“ на место викано „Забел“ во село Старо Нагоричане и одзел пари и други предмети, соопшти СВР Куманово.
Екипа на полицијата извршила увид и преземаат мерки за расчистување на случајот.