Полициски службеници денеска во 12:30 часот, на подрачјето на Аеродром ја лишија од слобода С.М. (53) од Скопје, барана со потерница, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР соопштија дека таа е барана по централна потерница од Основното јавно обвинителство за истрага поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 239 од Кривичниот законик „даночно затајување“.
Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.