На 17.01.2023 полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Ш.Б.(21), А.Б.(32), О.К.(28) и уште едно малолетно лице, сите од Радовиш, кои биле затекнати при вршење на кривични дела „тешка кражба“ на подрачјето на Радовиш, а кај нив биле пронајдени и предмети од извршените кривични дела.
Лицата се задржани во полициска станица и во текот на денешниот ден со нив ќе бидат извршени службени разговори, поради сомнение дека се сторители и на други кривични дела тешки кражби и кражби, извршени во претходниот период на подрачјето на Радовиш.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.