С.Б. (30) и Е.Б. (26), двајцата од село Цветово, се приведени во полициската станица во Драчево откако биле фатени како со возило „лада нива“ кај местото викано Маркова Сушица превезувале огревни дрва без соодветна документација. Двајцата се обиделе да избегаат, но набрзо биле фатени.

Возилото е предадено за понатамошна постапка, а по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.