На место викано „Клисура“ на автопатот А1, во близина на Демир Капија, синоќа во 19.00 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода од С.Р.(22) од село Брест, општина Чучер Сандево и Е.Ј.(25) од селол Арачиново.
При преглед во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал С.Р., а сопатник бил Е.Ј., биле пронајдени 14 лица-мигранти, по шест лица од Сирија и Пакистан и две лица од Авганистан.
– Претходно, во 18.30 часот, на автопатот А1 во правец од Прдејци кон Демир Капија, возилото не застанало на знак за запирање од полициски службеници, а кога било запрено возачот, совозачот и мигрантите се обиделе да избегаат, но биле спречени и лишени од слобода, соопштија денеска од МВР.
С.Р. и Е.Ј. биле приведени во Полициската станица Неготино за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.