На 26.04.2022, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба ги лишиле од слобода Р.А.(20) и Р.А.(21), двајцата од с.Арачиново. Тие се сомничат дека на 25.04.2022 во спортска обложувалница на ул.„Спиро Црне“ во Скопје со закана кон вработената одзеле пари.
Во нивното возило биле пронајдени предмети поврзани со кривичното дело. Во службен разговор со полициски службеници тие го признале делото.
Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.