– Имено, според пријава, во 15.30 часот од член на комисија за полагање на возачки испит во испитен центар на подрачјето на Гази Баба, при проверка на лична карта приложена од кандидат за полагање на возачки испит било утврдено дека таа била фалсификувана, односно била на име А.Ј., со податоци на С.Ј., а фотографијата била на Б.Х, информираат од МВР.
При извршениот службен разговор, еден од осомничените изјавил дека фалсификуваната лична карта им ја изработило лице од подрачјето на Бит Пазар за сума од 100 евра. По целосното документирање на случајот ќе следува соодветна кривична пријава, велат од МВР.