Полицијата денеска ги лиши од слобода М.Б.(27) и Н.П.(34) обвинети за кражба, постапувајќи по претходна пријава од страна на 46-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, со привремен престој во Битола, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

– Оштетениот вчера во 21:30 часот пријавил дека од неговото возило му била одземена машка чанта со пари, документи, банкарски картички, од кои во неколку наврати биле повлечени пари, со што му била предизвикана материјална штета во висина од 30.000 денари, информира МВР.

Лицата се приведени во полициска станица, кај нив се најдени одземените предмети и вратени на пријавувачот, а во координација со Јавен обвинител на лицата ќе им биде поднесен поднесок во врска со член 235 и 251 од Кривичниот законик.