– На 25 октомври оваа година, тие одзеле пари, мобилен телефон и предмети од домот на А.М. (40) на улица „Козара“ во Скопје. Кај Е.К. биле пронајдени дел од одземените предмети. Во Полициската станица Бит Пазар денеска била повикана А.Д. (52) и од неа биле одземени дел од предметите, што ќе бидат вратени на сопственикот, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот, МВР против трите лица ќе поднесе пријави за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „прикривање“.