Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода вчера во 9:30 часот на улицата „Ефтим Спространов“ во Скопје ги лишиле од слобода Е.Х.(32) и Е.Х.(34), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека од маркет на бул.„Трета Македонска Бригада“ одзеле повеќе предмети.

Како што информира МВР, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.