Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вчера околу 12 часот во село Катланово ги затекнале лицата со иницијали Ф.А.(20), А.И.(31), двајцата од село Огњанци, скопско и В.О.(38) од Скопје, при извршување на кривично дело „кражба“.

-Лицата биле затекнати при извршување на кривично дело „кражба“ од имот сопственост на М.Р. и кај нив се пронајдени одземените предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Министерството за внатрешни работи.