На 12.09.2023 во близина на браната Паљурци, општина Богданци, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода А.Н.(22) и Р.А.(28), двајцата од Република Србија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Во 13.55 часот на патот Дојран – Богданци, кај браната Паљурци, полициски службеници забележале како во патнички возила „опел“ и „ауди“ со скопски регистарски ознаки влегуваат мигранти и тргнале по нив. Набргу, возилата застанале и возачите го напуштиле местото, а во близина на возилата биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија.
По преземени мерки и активности, биле пронајдени А.Н. и Р.А. и биле лишени од слобода. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.