Дрога и нож пронајдени при полициски контроли на различни локации низ главниот град

Полициски службеници од СВР Скопје во текот на ноќта меѓу 14 и 15 декември извршиле повеќе приведувања на различни локации низ главниот град.

Во акцијата биле лишени од слобода М.Е. (19) од село Кондово, скопско, Т.П. (42), С.Б. (27), Б.Б. (37), Ф.Ч. (33), И.А. (37) и двајца 16-годишници, сите од Скопје.

При извршените контроли, кај приведените лица била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, марихуана, како и нож.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на настаните ќе следуваат соодветни поднесоци против лицата.