Денеска (22.06.2022) околу 11:00 часот на ул.„Злетовска“ во Скопје, полициски службеници од оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода С.М.(27) и М.И.(28), двајцата од Скопје.

Тие биле затекнати при примопредавање на марихуана.

При преглед кај двајцата била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветна пријава.