Службеници од Полициската станица Радовиш вчера околу 20 часот на регионален пат од браната Мантово кон крстосница за Неготино, ги лишиле од слобода Е.Г. (33) од радовишкото село Бучим, О.Х. (34) од Кочани и Б.Ј. (38) од Конче, поради сомнение дека организирале превоз на мигранти од Сирија и други земји.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицата биле однесени во Полициската станица Радовиш, а возилата „Фолксваген Туарег“ со радовишки регистерски ознаки, сопственост на Е.Г. и „Форд Мондео“ со кочански регистерски ознаки, сопственост на О.Х. биле одземени.

Во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „криумчарење мигранти“.