Министерството за внатрешни работи информира дека вчера (17.02.2022), во периодот од 10.00 до 12.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Љ.Ѓ.(19), К.С.(19) и С.С.(18), сите од Куманово.
-Тие се сомничат дека на 9 ноември 2021 година одзеле предмети од три патнички моторни возила на различни локации од Куманово. Тројцата биле приведени во полициска станица, а украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.