Во Тетово на улица „Илинденска“ денеска во 12.30 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода З.С. (56) од скопското село Бојане.
Како што информираа од МВР, тој бил баран по централна потерница на барање од Основен кривичен суд – Скопје за издржување казна затвор од две години, за сторено кривично дело „засновање ропски однос и превоз на лица во ропски однос“ по член 418 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната.