Службеници од Полициската станица Драчево синоќа во 19:20 часот го лишиле од слобода Ф.С. (59) од скопското село Долно Количани, бидејќи предизвикал пожар на отворен простор.

– Постапувајќи по пријава од 09.08.2022 во 11:55 часот, според која покрај патот кој води за село Парагуша било забележано едно лице кое управувало патничко возило „Шкода Фелиција“ со скопски регистарски ознаки, како со запалка ја запалило сувата трева покрај патот, биле преземени мерки и активности и лицето е пронајдено и приведено. Притоа, пожарот бил изгаснат од противпожарната единица Скопје, информираат од МВР.

Во координација со јавен обвинител по целосно документирање на случајот, против Ф.С. ќе биде поднесен соодветен поднесок.