Денеска (08.12.2022) во 07.45 часот на бул.„ВМРО“ на подрачјето на Центар, полициски службеници од тим Потраги од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(32) од Скопје.
Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години и 6 месеци, а се барал по централна потерница, по наредба на Казнено-поправна установа Затвор Идризово за доиздржување на казната.
Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа.