На 07.12.2022 во 16.30 часот во Гевгелија од полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија бил лишен од слобода Р.Ј.(27) од Гевгелија, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, грутчеста и прашкаста кафеава материја и поголем износ на пари.

Малку подоцна со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Гевгелија, при што биле пронајдена импровизирана мини лабораторија со саксии со канабис, како и марихуана и семки од канабис.

Пронајдените предмети се предадени за вештачење, а по целосно документирање на случајот, заедно со кривичната пријава, ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.