На 18.01.2022 полициски службеници од Единицата за интервентна полиција на подрачјето на Аеродром го лишија од слобода А.С.(36) од с.Грчец, скопско. За него била распишана потерница со која се барал за доиздржување на казна затвор.

Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за доиздржување на затворската казна.