Обвинителката Русковска не само што презентираше како доказ СМС пораки вештачени од нелиценциран вештак, туку и содржината на пораките нема никаква врска со настаните на 27-ми април.

Во пораките лицата кои комуницираат меѓусебно зборуваат за тоа дали се протестите масовни или не, кои естрадни ѕвезди сакале да ги поддржат и кои уметници би било добро да ги поддржат.

За потсетување, луѓето кои се обвинети не се обвинети за обид за обезбедување уметничка поддршка на протестите, туку за организиран план за терористичко загрозување на уставниот поредок – нешто што Русковска никако не успеа да го докаже во овој процес, ниту со редовните, ниту со вонредните докази.

Воедно, индикативно е и што доказите не се воопшто нови, туку и самата Рускоска ги знае од 2018 година, но не ги употребила до денес бидејќи веројатно знаела дека немаат никаква врска со настаните. Воедно, една од соговорничките во СМС пораките е поранешна министерка која не е обвинета за органзиирање терористички удар во Македонија, а ако Русковска смета дека овие пораки во кои се слушаат имињата на естрадни ѕвезди, се дел од терористичи заговор, морала да ја обвини и министерката.

Со денешните настани, останува јасно дека Русковска сепак останува само „во прегатките на Нинџа“.

Со нудење на вакви „дополнителни докази“ се печатира впечатокот дека „арсеналот“ на Рускоска се базира на ќорци, одоносно на разговори за поддршката на естрадни уметници за протестите на Заедничка Македонија. Се што и останува „на нејзина страна“ во овој случај се различните верзии на Александар Василевски Нинџа.

Случајот за т.н. организатори темелен на една од четирите верзии на Нинџа за настаните на 27-ми април останува да се потпира само на зборовите на дискредитираниот осуденик, чии тајни снимки протекоа во јавност и во кои се слуша дека случаите на Вилма се темелат на неговите лаги.