Ерлинг Халанд го напушти теренот поради повреда на натпреварот меѓу Норвешка и Португалија во Лигата на нации. Инцидентот се случи непосредно пред големото дерби против Ливерпул.

Норвешкиот напаѓач побара замена во 67. минута, кога резултатот беше 1:1. Тој го напуштил теренот сам, а засега нема индикации дека станува збор за сериозна повреда.

„АС“ пишува дека Халанд покажал знаци на физички проблеми непосредно пред да биде заменет.

Тој е еден од низата фудбалери кои почувствувале проблеми за време на оваа репрезентативна пауза. Клубовите внимателно ја следат состојбата на своите играчи пред нивното враќање на домашните и европските обврски.