Откако во попладневните часови паднаа популарноите социјални мрежи Фејсбук и Инстаграм, но и апликациите за допишува WhatsApp и Facebook Messenger, многу корисници се префрлија на Твитер.

Страницата Down Detector која бележи пријави за потешкотии со апликациите покажува дека неколку стотици корисници веќе пријавиле проблеми во последниот час.

Корисниците пријавуваат дека најчести проблеми имаат со отворање на страниците и апликациите, како и со читањето на коментарите.

Причината за падот на популарните социјални мрежи се уште не се знае, но експертите ги отфрлаат тврдењата дека се работи за хакерски напад.

Down Detector исто така забележал и проблеми на страницата за дружење Тиндер.