Владата донесе одлука за продолжување на мерката за намалување на данокот на додадена вредност (ДДВ) за дизел-горивото од 18 отсто на 10 отсто, со важност до 20 октомври 2026 година.
Како што објави министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку својот Фејсбук профил, примарна цел на оваа мерка е намалување на ценовните притисоци врз домаќинствата и стопанските субјекти, како и зачувување на вкупната економска стабилност во државата.
Институциите одблизу ги следат движењата на меѓународните берзи и се подготвени навремено да реагираат со дополнителни чекори доколку се појави потреба на пазарот на енергенси.
