Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во Вардар

Продолжува потрагата по тинејџерката која исчезна во водите на Вардар кај Уланци во Општина Градско. 16-годишната девојка трет ден ја бараат полициски службеници и армиските волци со специјална опрема за нуркање и чамци.

Таа во четвртокот попладне била однесена од реката додека се капела, заедно со друга повозрасна пријателка од Скопје.

Една жена пронајдена и во стабилна состојба

Жената, која неколкупати се обидувала да и помогне беше пронајдена, но не и девојката.

Повеќе детали прочитајте од веста во продолжение која нашиот медиум ја објави завчера.

ПОТРАГА ВО ВАРДАР: Исчезна 16-годишно девојче, спасена 26-годишна девојка