-Учесниците на #JCPOA сега одржуваат официјален состанок на Заедничката комисија, напиша Уљанов на Твитер, користејќи го формалното име на договорот, Заеднички сеопфатен акционен план. Главниот американски претставник Роб Мели нема да пристигне до викендот.

Индиректните американско-ирански разговори во Виена, во кои дипломатите од преостанатите страни во договорот – Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина – посредуваат меѓу нив бидејќи Техеран одбива директен контакт со Вашингтон – имаат за цел да ги задржат двете страни целосно усогласени.

-Иран цврсто ќе стои зад своите барања. Сите санкции мора да се укинат одеднаш во процес што може да се провери , изјави неименуван ирански функционер.

Според него, во рацете на Американците е да донесат политичка одлука за да се реализира договорот.