Банкарските кредити на домаќинствата во еврозоната се зголемија минатиот месец за само 0,2 отсто во однос на претходната година и по сличниот раст во март, додека просечните прогнози беа за подобрување од 0,4 отсто.
Ова е најбавната стапка на раст на кредитите за домаќинствата од почетокот на 2015 година, бидејќи политиката на високи каматни стапки на ЕЦБ продолжува да тежи врз побарувачката на потрошувачите за заеми.
Растот на банкарските кредити на компаниите забави во април на 0,3% на годишна основа од 0,4% во март.
Вкупниот кредитен раст во приватниот сектор, кој ги покрива и домаќинствата и нефинансиските претпријатија, се искачи на 0,9% од 0,8% еден месец претходно.
Податоците доаѓаат само една недела пред очекуваното прво намалување на стапката на ЕЦБ на состанокот на 6 јуни. Агресивната политика на зголемување на каматните стапки од страна на ЕЦБ меѓу јули 2022 и септември 2023 година, за дури 450 базични поени, ја спушти инфлацијата малку над целта од 2 отсто, но од друга страна придонесе за пад на кредитирањето.