Спасувачките тимови во Грција ја продолжија потрагата по 12 лица за кои се смета дека се исчезнати од траектот што вчера се запали во Јонското море додека беше на пат кон италија и гори веќе втор ден.

Грчката крајбрежна стража и екипажот на други чамци евакуираа околу 280 луѓе на островот Крф.

Властите го зголемија бројот на луѓе што се сметаат за исчезнати од 11 на 12, откако открија дека лице од траектот не е наведено на листата на патници.

Меѓу спасените има државјани на Албанија, Турција, Бугарија, Романија, Грција, Италија и Литванија.

Пожарот избувна три часа откако траектот тргна од пристаништето игуменица во северозападна Грција кон италијанското пристаниште бриндизи.

Бродот превезувал 153 камиони и 32 автомобили, а компанијата со седиште во Италија, која управува со траектот, рече дека пожарот избувнал во складиштето каде што биле паркирани возилата.