Биткоинот утрово се тргува по цена од 33.889 долари. Тоа е скок за 8,2 отсто во последната недела, покажуваат податоците од веб-страницата „Коингеко“.
Етереумот, втората најпозната криптовалута во светот, ја зголеми вредноста за 3,2 проценти во последните 24 часа се тргува по цена од 2.142 долари, односно има раст за 14,5 проценти во последната седмица.
И кај другите криптовалути во последните 24 часа исто така е забележано зголемување на вредноста.