Продолжува растот на цените по угостителските услуги. Само овој месец споредбено со февруари лани цените во угостителските објекти се зголемени за 6.3 %.

ДЗС ги соопшти бројките

Државниот завод за статистика ги соопшти новите бројки. Оттаму нагласуваат дека во споредба со истиот период од минатата година се однесува ова истражување.

Во февруари годинава во однос на јануари угостителски услуги поскапеле за 0.1 %. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1 %.

Дали економијата се враќа во нормала?

Инаку, на светско ниво полека економијата излегува од рецесијата и се враќа во нормала.

Моментално се наоѓа во фаза на излегување од криза на цените со храната и енергијата во услови на тензија. Ризиците се присутни се уште заради војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Досега, видовме стабилизација на цените од достигнувањето на пикот во 2022 година и се уште имаме ситуација на релативно висока инфлација, а поскапувањата по угостителските објекти доаѓаат само како последица на останатите трошоци и поскапувања.