Граѓаните на Грузија кои излегоа на протести бараат оставка од проруските власти и предвремени избори.

Досега се исполнети нивните две претходни барања и тоа укинување на законот за „странски агенти“ и ослободување на уапсените на протестите. Грузиското Министерство за внатрешни работи објави дека ослободило 132 лица приведени поради учество во големите протести, а владејачката партија Грузиски сон во соопштение истакна дека безусловно го повлекува предлог-законот

Кремљ денеска објави дека гледа ризици од можни „провокации“ во Јужна Осетија и Абхазија, две провинции кои Русија ги отцепи во Грузија.
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров за телевизијата „Канал 1“ изјави дека ситуацијата околу нацрт-законот за странски агенти во Грузија е само изговор за обид за насилна промена на власта, пренесува ТАСС.

„Москва констатира дека нечија „видлива рака“ се обидува да додаде антируски елементи на ситуацијата во Грузија, иако поводот за протестите во земјата нема никаква врска со Русија“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Синоќа имаше километарски колони од Грузија кон Русија. Грузинските граѓани се шегуваа на социјалните мрежи на сметка на руските граѓани кои заминаа од нивната земја. Русите тврдеа дека во Грузија наидувале на отпор. Граѓаните кон нив упатувале навреди, ги прашувале зошто доаѓаат во нивната земја, каде руските сили претходно правеле злосторства за време на воените дејствија во 2008 година. Дури имало и бројни коментари од грузиските граѓани дека им пречи да го слушаат рускиот јазик по улиците. Во Тбилиси има графити на кои пишува „Руси одете си дома“, но и навреди за рускиот претседател Владимир Путин.