Делегациите на Украина и Русија ги продолжија преговорите по техничка пауза, информираше членот на украинската делегација Давид Арахамија, пренесуваат украински медиуми.

Вчера почна четвртиот круг преговори, но беа паузирани. Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски и учесник во разговорите, вчера рече дека договориле „техничка пауза… до утре“.

Тој појасни дека паузата била потребна за да се изврши „дополнителна работа во работните подгрупи и разјаснување на поединечните дефиниции“.