Цементарница „Усје“ бележи позитивни финансиски резултати за изминатите три квартали, со значително поголема добивка и покрај намалената продажба.. Значително влијание има намалувањето на трошоците за десеттина милиони еврач
Добивката на компанијата пред трошоци, даноци и амортизација е речиси 23 милиони евра, девет милиони евра поголема во споредба со лани. Деветмесечната нето добивка изнесува 17,7 милиони евра. Продажбата на домашниот пазар изнесуваше 48,6 милиони евра, додека приливите на странски пазар достигнаа речиси 25 милиони евра. Вкупната продажба од јануари до септември изнесува 73,5 милиони евра.
Цементарница „Усје“ забележа помали оперативни трошоци од близу 54,8 милиони евра. Цементарницата е членка на групацијата „Титан“, една од најголемите компании во земјава, во која се вработени над 250 лица. Таа работи со три рудници и ги пласира своите производи во регионот, вклучувајќи ги Албанија, Косово и Бугарија.