Од лани зборуваме дека доцниме неколку години, а со кризава доцниме секој ден, длабоко сме заглавени и во договори за набавка на електрична енергија, која што ни недостасува со години 30% редовно купуваме и тоа не нѐ освести. Слушајќи, читајќи, гледајќи дека кризата се приближува да си обезбедиме навреме електрична енергија, затоа што нашите производни погони немаат доволно гориво да произведат сопствена електрична енергија и да направиме договор за увоз на јаглен, наместо да штедиме во колку можеме повеќе вода за да ја користиме во зимските периоди кога потрошувачката на електрична енергија е барем за 50% повисока од летните, ние на тоа се противно правиме. Велам ние, не го правиме тоа ние, тоа го прави Владата која е носител на таа дејност и треба да ги превземе тие мерки, изјави Проф. Д-р Константин Димитров во тема на денот на Телевизија Сител.

-За опциите за набавка на енергенси тој истакна дека тоа досега веќе требаше да се разгледа, односно уште лани да се разгледа или на пролет за до сега веќе да ги имаме тие енергенси.Знаевме дека немаме, ние во времето досега колку што знаеме милион тони јаглен купени од Грција и 400 илјади од Албанија. И сега ќе трчаме, мазутот ќе го купуваме ама не купен, не е платен, значи имаме и финансиски проблем. Ова што е сега, ние ќе земеме кредит, тој треба да помине во Собрание, па ќе ги добиеме парите. Од каде во Македонија пари ако не земеме заем. Таму каде што можеше да земеме заем ефтино, веќе гледаат дека стануваме несолвентни, дека немаме производство, нема нарачки, нашето стопанство не може да произведува колку што треба со овие високи цени на електричната енргија, го смалува производството колку да се преживее. Они го прават и го полнат буџетот, не го полни администрацијата, не го полни здравство, школство, сите само трошат пари. Не го полни Владата, Владата само троши пари. Единствен начин е буџетот и да земе заем, се повеќе зема заеми па некој ќе ги враќа, ќе ги враќа македонскиот народ, посочи проф. Димитров.