Целосниот став на Зендели ви го пренесуваме во продолжение:
Изненадувачки е и фактот што овие манифестации исто така можат да бидат организирани според оваа комисија и заменик Министерот Хасани и „високи политичари“ но само во оние ресторани кои имаат блиски врски со полициски команданти, пазарни инспектори, директори и владини министри со еден збор само во тие објекти чии сопственици имаат длабоки врски со луѓето на владата.
За да биде состојбата уште полоша, тие создаваат збунетост и ја замајуваат јавноста која во последно време има презирачки однос кон бизнисмените на т.н. ресторани за свадби ( законски не постои таков објект, според Законот за угостителство не постои таква номинација) трвдејќи дека не се грижат за здравјето на луѓето!? Забораваат дека граѓаните во оваа (ајде да ја наречеме држава каде има ред и мир), се еднакви иако според Уставот и законите се забранува секаква дискриминација, што не е во случајот.
Кога станува збор за деловната етика. Како никому од надлежните органи и поединци кои се платени и од средствата на рестораните за свадби не му падна на памет да постави прашање како може да се прават свадби во ресторани со секојдневна работа. Според принципите на деловната етика, сопствениците на таквите стопански субјекти не се одговорни за загрозување на здравјето на клиентите? Или пак таму нема вирус!
Многу ресторани цело време се полни со клиенти, иако не ги исполнуваат нормите и стандардите што ги бара протоколот и ова никому не му пречи. Чудно зар не?
Тие дури можат да организираат и свадби, затоа што на чело на клиентите не им пишува дека се дојдени на семејни церемонии или да консумираат пијалоци и храна, едноставни тие припаѓаат на категорија ресторански клиенти.
На „ специјализираните“ ресторани кои располагаат со големи простори и со посебни постројки за проветрување градени за настани, иако во нивните протести презентираа многу поригорозни и попристапни протоколи во однос на имплементацијата, им се забранува загарантираната законска дејност. Ова е дискриминација со пет вездички! Дискриминацијата веќе подолго време се вметнува во институционалното дејствување во РСМ, на штета на чесниот и совесен граѓанин кој се придржува и ги спроведува законите.
Познати во јавноста се случаите кога сметките на лошите должници државата ги има платено неколкупати. Ова по логика на нештата треба да влијае врз нив и тие во иднина да удираат со контрамерки, што значи дека треба да престанат да бидат послушни и да спроведуваат законски мерки. Или вината лежи во слоганот: „Нема правда нема мир“.
Потполно се согласувам дека собирањето на голем број на луѓе во мал простор е опасно, но се прашувам како е можно во горенаведените објекти оваа опасност да не постои?! Другите земји ги спроведуваат препораките на Светската здравствена организација, но без дискриминација, сè е затворено и сопствениците и вработените се поддржани со конкретна финансиска помош, додека кај нас само декларативно, и тоа се зборува во идно време, ќе има, ќе помогнеме, ќе, ќе…… И што е најгрозно не дискриминираат. Не затвараат, не ни даваат да си ја тераме работата според одредени протоколи. Очигледно препораките за едни важат, а за други не!
Познатиот писател Џ. Орвел напиша книга под наслов: „Животинска фарма„ преку која ни испрати исклучително значајна порака: „Сите животни се еднакви, но некои животни (свињи!) се порамноправни од другите“.