ВМРО-ДПМНЕ постојано се надоградува и засилува. Се дава шанса на млади луѓе, но и на искусни, на сите кои со својот труд и ангажман се подготвени да го посветат своето време и работа на Македонија и подобра иднина на општеството, односно средината во која живеат, велат од партијата.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ во текот на вчерашната седница донесе десетина кадровски одлуки. Изберени се претседатели на општински комитети на партијата во 19 општини, дел од новата генерација на ВМРО-ДПМНЕ кои се секогаш со народот.

ИК на партијата именуваше нови претседатели во следните комитети:

Македонски Брод – Бисера Златеска

Куманово – Бобан Николовски

Зелениково- Дејан Димишковски

Свети Николе – Илија Стоилев

Штип- Душко Иванов

Чашка- Трајче Мишковски

Пробиштип- Оливер Митев

Чешиново Облешево – Јорданчо Костадинов

Валандово- Јулија Тушевска

Пехчево- Николчо Спасовски

Карбинци- Гордана Брбашка

Градско- Александар Георгиевски

Гевгелија- Димитар Вегов

Дојран- Илија Тентов

Демир Капија- Наталија Димитриева

Новаци- Илче Трајковски

Росоман- Ѓорги Крстевски

Крушево- Александра Мијајлевска Стефановска

Долнени- Сашко Велјановски

Овие луѓе, заедно со сите членови на општинските комитети во кои се изберени ќе бидат моторот за работа за подобро, и пад на власта на СДСМ и ДУИ која ја угушува државата.

Во идниот период ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со кадровски освежувања и засилувања. Промените се случуваат секогаш со народот.