Управата за водење на матични книги денеска излегува на протест. Според најавите покрај вработените, на протестот ќе бидат вклучени и возила.

-По повод штрајкот кој се одвива во управата за водење на матични книги, организиран од Независниот синдикат на управата утре дополнително вработените од управата ќе оддржат протест од 15.00 часот до 17.00 часот пред Министерството за правда каде ќе бидат блокирани улиците, информираа вчера од Синдикатот.

Барањата кои ги имаат ќе ги соопштат повторно на прес-конференција пред Министерството.