Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. На места, особено во југоисточните и западните делови, врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.
До петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Дневната температура значително ќе се намали. Од петок попладне ќе настапи стабилизација со постудени утра и пораст на дневната температура.