Илон Маск е само третата личност во светот која собрала богатство од над 200 милијарди долари. Пред него, тоа го направија Џеф Безос, поранешен шеф на Амазон и сопственик на Blue Origin, и магнатот Бернард Арно.

Маск во понеделникот стана побогат за 3,8 милијарди долари на 203,4 милијарди долари, откако акциите на Тесла во понеделникот пораснаа за уште 2,2 проценти, на 791,36 долари, што е највисоката цена досега, заклучно со февруари оваа година, објави Форбс. Акциите на Тесла всушност растат четири месеци по ред.

Кога Маск последен пат го престигна Џеф Безос како најбогат човек во светот, тоа беше во јануари, а исто така на крилата на големиот пораст на цените на акциите на Тесла, но неговото задржување на тронот беше кратко во тоа време.

Маск во моментов поседува 73,5 милиони акции на Тесла во вредност од околу 53 милијарди долари.

Вкупната вредност на акциите на Тесла во понеделникот достигна неверојатни 792 милијарди долари, а вредноста на акциите на Спејс Екс 74 милијарди долари.

Во 2020 година, година на новата пандемија на коронавирус, акциите на Тесла пораснаа за 720 проценти, а Маск го зголеми своето богатство за неверојатни 125 милијарди долари за една година.

Ривалот на Маск, Џеф Безос, остана „посиромашен“ за 1 милијарда долари во понеделникот, а неговото богатство падна на 197,7 милијарди долари, поради падот на акциите на Амазон од 0,6 проценти.