Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд.

Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла. Температурата во престолнината ќе се движи од минимални 3 до максимални 8 степени Целзиусови.