Во 2016 година научниците од Универзитетот во Лондон создадоа интерактивна мапа, која открива сè за вашето презиме на ниво на земја. Сепак, оваа мапа не покажа колку е вообичаено презимето во светот, а сега е можно да се провери на страницата forebears.io.

Таму можете да најдете забавна мапа, која покажува каде најчесто живеат луѓето со вашето име или презиме. Пребарувањето е можно по континент, но и по одделни земји во светот. Во пребарувањето го внесувате вашето име и презиме и ќе ви го покаже неговото потекло, како и во која земја е најпопуларно.