Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за локален дожд, особено во југоисточните делови, соопштија од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Температурата ќе се искачи од 3 до 13 степени Целзиусови.