Фронтменот на глобално популарната група „Ганс енд роузес“, Ексл Роуз, е обвинет за сексуален напад што се случил во 1989 година, пишува „Гардијан“.

Поранешната манекенка Шила Кенеди го обвини Ексел за насилен сексуален напад што се случил пред повеќе од 30 години, а таа ја поднесе тужбата во средата пред Врховниот суд на Њујорк. Кенеди наведува дека Роуз насилно ја нападнал во неговата хотелска соба во Њујорк, кога таа имала 26, а тој 27 години.

„Роуз ја искористи својата слава, статус и моќ како славна личност и изведувач во музичката индустрија за да манипулира, контролира и насилно да ја нападне Кенеди“, се вели во жалбата.

Според Шила, тие биле во ноќен клуб кога тој ја поканил во хотелската соба, а поканата не ја добила нејзината пријателка, бидејќи „не била доволно убава“. Таа тврди дека ѝ се извинила на својата пријателка и се упатила во собата на Ексел заедно со водителот Рики Рахтман.

Во еден момент, кога се вратила во хотелската собата, Шила тврди дека Роуз ги полевал гостите со кокаин и алкохол, а кога отишла во тоалет, тој се појавил пред нејзината врата и ја бакнал.

Таа вели дека не ѝ пречело бакнежот и дека имала намера да спие со него доколку работите напредуваат. Сепак, Роуз била нападната од друга манекенка, која почнала да биде интимна со нив на агресивен начин, а потоа Шила ја напуштила собата.

Кога ја затворила вратата, го слушнала кршењето на стакло. Во еден момент Роуз излегol од собата, ja зграпчил Кенеди и почнал да ја влече по подот, поради што почнала да крвари. Кога влегле во собата, тој наводно ја фрлил на креветот, ја фатил за чорапите и ѝ ги врзал рацете.

Во тужбата се наведува дека тој „бил во сексуален бес“ и дека Роуз сексуално ја нападнал манекенката Кенеди.

„Тој ја третираше како имот што треба да се користи исклучиво за негово сексуално задоволство. Таа не се согласи на тоа, што го направи препотентен“, дополнително се наведува во тужбата.

Кенеди вели дека имала симптоми слични на пост-трауматски стрес по наводниот напад и страдала од анксиозност и депресија од инцидентот, што влијале и на нејзината кариера.

Таа од судот бара неутврдена отштета за напад, тепање, намерно нанесување емоционален стрес и насилство. Пејачот Аксел Роуз сè уште не се изјаснил за обвинувањата.